Категории

Предности на LED Осветлување

Предности на LED Осветлување

Зборот LED означува, диоди кои емитуваат светлина, тие се најновиот технолошки напредок во индустријата за осветлување. LED диодите се мали, цврсти светилки кои се исклучително енергетски ефикасни и долготрајни. LED диодите работат поинаку од традиционалните светилки со вжарено влакно. Ова ги прави LED диодите многу поцврсти и издржливи од традиционалните светилки со вжарено влакно. LED технологијата, исто така, нуди многу дополнителни предности во однос на панелите, рефлекторите, неонските и компактните флуоресцентни уреди за осветлување - како исклучително подолг животен век од (60.000 часа), енормно пониско користење на енергијата и заштеда од, 90% енергија, намалени трошоци за одржување и поголема безбедност. LED диодите во моментов се користат за широк спектар на апликации како што се: резиденцијално осветлување, воздухопловство, архитектонско осветлување, автомобилска индустрија, авијација, емитување, електронски инструменти, забава и игри, индустриска автоматизација и контрола, воена, сообраќајна. LED диодите се направени од нетоксични материјали, за разлика од флуоресцентното осветлување кое користи жива што може да претставува опасност за животната средина. LED се исто така рециклабилни и се сметаат за ЕКО - пријателски кон планетата Земја.